Мицкоски: Честит Први мај, Меѓународен ден на трудот

Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава.
Нема напредок без работа.
Нема стабилност без создавање вредност.
Нема иднина без луѓе што вложуваат, градат и веруваат.
Денес им оддаваме признание на сите што секојдневно придонесуваат со знаење, со труд и со посветеност.
Нашата обврска е јасна: повеќе можности, подобри услови и фер правила за сите што работат и создаваат.
Државата се гради со труд.
Продолжуваме заедно со посветеност и со верба.