Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на поранешниот вицепремиер Артан Груби со која бараше наместо да оди во притвор да му биде изречен или куќен притвор или мерки на претпазливост, информираше денеска Кривичниот суд.
„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по
жалбата на А.Г. кој е недостапен за организте на прогонот, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка“, информираше скопскиот Кривичен суд.
Ова значи дека останува на сила одлуката за притвор на Груби од 30 дена отако ќе биде фатен и донесен во Македонија.
Инаку на 17 декември 2024 година, судија на претходна постапка, постапувајќи по
предлог на јавен обвинител за определување мерка притвор против Груби и против поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, поврзани со истрагата за Државна лотарија, а по добиено известие од МВР дека истите се недостапни за органите на прогон донесе решение со кое го прифати предлогот и на Груби и Бајрами им определи мерка притвор во траење од 30 дена која ќе започне да се спроведува од нивно пронаоѓање односно нивно апсење.