Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, жртва во кочанската трагедија

Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во кочани загина и младата инспекторка Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче. Моника е, за жал, една од 59-те невини жртви.

Семејство откако слушнало за трагедијата во ноќниот клуб, ја барало по сите болници. Нејзината фотографија ја објавија на социјалните мрежи со молба граѓаните да ги контактираат доколку имаат информации за неа. Апелот бил споделен со молскавична брзина на профилите на пријатели, познаници и други корисници на социјалните мрежи кои сакале да помогнат во апелот. Меѓутоа, во еден момент стигна најмрачната вест дека Спасова е една од жртвите.

„Мајкино око оти ми побегана. Не можам да живеам без тебе. Мајкино око кој ќе гушнам место тебе? Мајкино око, душата ми е распарчена“, напиша неутешната мајка на Моника.

Спасова зад себе ги остави ќерката, сопругот, родителите, како и брат и сестра.

 

 

4news.mk