Почнувајќи од денеска, 1 март, се укинуваат давачките што досега ги издвојуваа родителите за своите деца во градинките, а во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци, вели градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
„Со оваа одлука која ја донесовме заедно со Советот на општината родителите ќе бидат ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, а во него се вклучени разни санитарни и хигиенски средства. Општината постојано презема политики насочени кон постепено намалување на сите дополнителни трошоци што претставуваат товар за секое семејство. Воедно, сите следни материјали кои би се користеле би биле рециклирачки. Од 1 септември оваа година ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките“, вели Муцунски.