Денеска заврши акцијата „Новогодишна кошница“, по што Министерството за економија на својата веб страна објави соопштение:
„Ако ги согледаме овие бројки сметаме дека акцијата „Новогодишна кошница“ беше успешна и придонесе за намалување на цените на производите кои што беа вклучени во неа. Според Државниот завод за статистика од податоците за Индекси на трошоците на животот и на цените на мало за декември се забележува дека инфлацијата во 2024 година споредено со 2023 година изнесува 3,5 отсто, како што беше и проектирано. На месечно ниво пак во декември 2024, споредено со ноември 2024 година инфлацијата изнесува 0,3 отсто. Податоците на статистика покажуваат дека во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година намалувањето на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци изнесува -0,3 отсто“, се вели во соопштението од Министерството за економија и труд, пренесе МИА.
Ова, како што наведуваат, „покажува дека „Новогодишната кошница“ каде беа вклучени во најголем дел прехранбени и безалкохолни пијалоци го дала својот ефект и цените на храната и пијалоците во декември 2024 година бележат намалување во однос на ноември 2024 година“, пренесе МИА.