Напад со нож во германскиот град Лудвигсхафен

Најмалку две лица се убиени, а едно е тешко повредено во напад со нож во западниот германски град Лудвигсхафен, изјави портпаролот на полицијата во покраината, Рајнланд-Фалц.

Полицијата пукала во напаѓачот и го повредила, по што тој бил уапсен.

„Сторителот е уапсен. Мотивите зад нападот се непознати и во моментов е во тек опсежна истрага“, изјави полицискиот портпарол.

Полицијата целосно ги блокира пристапите до местото каде е извршен нападот.

 

telma.mk