НАТО го поздрави испловувањето на првиот брод со жито од Украина

НАТО го поздрави тргнувањето на првиот комерцијален брод со жито од украинското пристаниште Одеса, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот профил на социјалните мрежи се осврна на првиот комерцијален брод што заплови во рамките на иницијативата за жито во Црното Море.

Столтенберг, наведувајќи дека го поздравува тргнувањето на првата пратка украинско жито од Одеса во рамките на договорот склучен со посредство на Обединетите нации (ОН), рече: „Би сакал да му се заблагодарам на нашиот сојузник Туркије за нејзината многу важна улога.“

Тој исто така додаде дека сојузниците на НАТО силно го поддржуваат целосното спроведување на договорот за жито за ублажување на глобалната криза со храна.

– Бродот ќе стигне во пристаништето Триполи, Либан –

Министерството за национална одбрана на Туркије соопшти дека утрово од пристаништето Одеса тргнал првиот брод натоварен со жито.

Во соопштението се наведува дека првиот брод со жито, што тргна од пристаништето Одеса во рамките на договорот за испорака на жито, утре ќе пристигне во Истанбул, а по инспекцијата бродот „Разони“ ќе продолжи кон пристаништето во Триполи, Либан.

извор: Агенција Анадолија (АА).

Фото: Агенција Анадолија (АА).