Најголемиот снежен лавиринт во светот во Закопане се соочува со предизвици поради климатските промени

 Најголемиот снежен лавиринт во светот, лоциран во полскиот зимски центар Закопане, се соочува со тешкотии поради сè поретките врнежи од снег и температури над нулата, што ја загрозува традицијата на оваа зимска атракција, јавува Анадолу.

Атракцијата, која првпат беше создадена во зимската сезона 2015/2016 година на површина од 2.500 квадратни метри, годинава е проширена на 3.000 квадратни метри, го задржува статусот на најголем снежен лавиринт во светот.

Сепак, според најновите воздушни снимки, снежната структура се соочува со предизвици поради зголемените температури што негативно влијаат врз стабилноста и трајноста на лавиринтот.

Снимките направени на 21 јануари 2023 година покажуваат поинаква слика, со целосно оформен и стабилен снежен лавиринт, а на снимките од 12 февруари 2025 година се забележува значително намалување на снежната покривка.

Закопане, познато како „зимска престолнина на Полска“, последниве години се соочува со климатски промени што влијаат врз сезонските активности и туризмот во регионот.

Намалувањето на снежните врнежи и зголемените температури ја доведуваат во прашање одржливоста на снежните атракции што привлекуваат илјадници посетители секоја година.

 

извор:Анадолија