Најмалку пет лица загинаа во пад на туристички авион во Франција

Најмалку пет лица загинаа во пад на туристички авион на југоистокот на Франција, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата и спасувачките служби.

Несреќата се случила во департманот Изер, во француските Алпи.

Авионот, кој припаѓал на локален авиоклуб, бил на прв лет и полетал од аеродромот Верси, недалеку од Гренобл.

Пронајдени се пет јагленосани тела и засега не се потврдени сомнежите дека меѓу нив има и дете, наведува ТВ БфМ.

извор: ТВ БФМ

фото: Schulz/DPA

фото ФБ:

Pinterest