Најмалку 21 лице загина во Доминиканската Република по обилните дождови во текот на викендот

Најмалку 21 лице загина во Доминиканската Република по обилните дождови во текот на викендот, а илјадници ги напуштија своите домови, соопштија денеска доминиканските власти, пренесе Би-Би-Си.

Меѓу загинатите има и три деца, а девет Доминиканци загинаа откако обилните дождови предизвикаа уривање на ѕидот на тунелот на автопатот во главниот град Санто Доминго.

Оперативниот центар за вонредни состојби (ЦОЕ) соопшти дека дождот предизвикал поплавени домови, прекин на електричната енергија и оштетени мостови и патишта.

Доминиканскиот претседател Луис Абинадер рече дека тоа е „најголемиот дожд во историјата на земјата“, додавајќи дека наставата во училиштата е прекината до среда за да се осигура безбедноста на учениците и наставниците.

 

 

nezavisen.mk