Значи умерено дехидрирано дете веќе е поспано, отсутни се солзим урина има малку и концентрирана темна. Тешко дехидрирано дете е сопорозно (силно поспано) не реагира на дразби, нема солзи, нема урина… Само во случај на умерена и тешка дехидрираност е оправдано давање на инфузија. Кога има дете (или возрасен) кое е лесно дехидрирано, што се гледа од клиничка слика, плаче со солзи, има мокрача, свесно е, пулсот и бројот на ресирации се нормални, очите не се вовлечени, лигавиците (јазикот) се влажни рехидрирањето оди ПЕРОРАЛНО (преку уста).
Нагло давање на поголеми количини на течност во вена доведуваат до прехидрирање (хиперволемија). Со вазодилатација на вени (проширување) се амортизира некое време. Вишокот на течност треба да го исфрлат бубрезите, во спротивно настанува белодробен едем и смрт за десетина минути и/или едем на мозок што ќе се манифестира со повраќање во млаз поспаност, кома и смрт. Волуменот на циркулација кај возрасен е околу 7% од телесната тежина (околу 5-5,5л). Кај новородени волуменот е поголем 13-14%, кај деца од 1 година околу 11% од телесна тежина. Значи на дете од околу 15 кгр волуменот на циркулација е помалку од 1,5 литар. Нагло, брзо давање (во рок од 1 час) на третина од волуменот (500 мл) на дете кое е лесно дехидрирано (или не е дехидрирано) ќе доведе до прехидрирање со тешки последици.
За појсано, истото ќе биде ако на возрасен кој е лесно дехидриран (или не е дехидриран) за еден час преку вена му дадеме 30 % од волумениот на неговата циркулација (30% од 5 л) што би изнесувало 3 инфузии од по 500 мл за еден час??? Исто ќе дојде до нагол скок на притисок, едем на мозок, едем на бели дробови, и смрт доколку веднаш не се намали волуменот со давање силни диуретици или венепункција и пуштање да истече одредена количина на крв.
foto FB