Според резултатите од излезните анкети што Медијана ги спроведе за РТВ Словенија и Поп ТВ, убедливо слави партијата Движење на слободата на чело со Роберт Голоб. Таа доби најмногу гласови, 35,8 отсто, потоа Словенечката демократска партија на Јанез Јанша со 22,5 отсто и Нова Словенија, која доби 6,8 отсто од гласовите.
Пратеничкиот праг би го преминале и партијата на Тања Фајон од СД со 6,6 отсто од гласовите и партијата Левица на Лука Месеца, која доби 4,4 отсто од гласовите.
Државната изборна комисија на својата веб-страница околу 20.30 часот ќе почне да ги објавува првите официјални делумни резултати од анкетите, како и проекции за тоа колку пратенички места би можела да има секоја партија во новиот парламентарен состав.
Aplavz v volilnem štabu @Gibanje_Svoboda ob razglasitvi rezultatov vzporednih volitev na #odločitev2022, ki so stranki Roberta Goloba pokazali 35,8 odstotka glasov. @24ur_com pic.twitter.com/9ce0vAdBtw
— Tina Hacler (@TinaHacler) April 24, 2022
фото: