На продажба станови, гаражи, земјиште -имотот на Мијалков

Остатокот од одземениот имот на Сашо Мијалков во предметот „Империја“ наскоро ќе биде ставен на продажба, соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот за „Скопје1“. Според проценките, државата очекува да инкасира околу 21,45 милиони евра, што е за девет милиони евра помалку од сумата што ја соопшти Обвинителството при спогодбата со поранешниот шеф на УБК за намалена затворска казна.

На продажба ќе бидат понудени станови и гаражни места на Водно (каде што Мијалков живееше), апартмани во хотелите „Панорама Резиденс“ и „Парк“ во Охрид, градежни парцели и деловен простор во центарот на Скопје.

„Во најскоро време ќе биде објавен јавен оглас за продажба на останатиот дел од конфискуваниот имот по оваа пресуда. На продажба ќе бидат:

  • 20 станови и 8 гаражни места на ул. Славејко Арсов;
  • 2 апартмани во хотел Панорама Резиденс;
  • 2 апартмани во хотел Парк во Охрид;
  • Градежно земјиште во КО Радња, Центар и Богородица;
  • Деловен простор на ул. 11 Октомври бр. 32.

Вкупната вредност на овие недвижности, според проценката на Министерството за правда – Биро за процени, изнесува 21,45 милиони евра, што ќе биде минималниот износ што ќе се префрли во државниот буџет“, информираат од Агенцијата за одземен имот.

4.news.mk