Министерството за внатрешни работи соопшти дека државното Јавно обвинителство вчера пријавило дека е најден куршум на тераса од објектот.
МВР во соопштението го употреби терминот „залутано зрно“, а наведува дека се работи за расчистување на случајот.
„На 25 февруари во 10.20 часот било пријавено дека на балконот, од надворешната страна на зградата на ЈОРСМ во Скопје било пронајдено залутано зрно од оружје. Се работи на расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.
извор: МВР