На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Југ починал дома, додека бил на прекин од издржување на затворската казна поради нарушено здравје. Тој во затвор поминал осум години, а бараше повторување на судската постапка тврдејќи дека пресудите се неправедни. Игор Југ беше осуден на 12-годишна казна затвор за случувањата во собранието на 27 април.
24info.mk