Осумдесет и еден ученик од штипските основни и средни училишта се испишани поради нивно заминување во странство. Раководителот на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева, денеска истакна дека оваа бројка на испишани ученици е од септември до декември 2022 година, односно за време на првото полугодие од учебната 2022/2023 година, објави Независен.
– Податоците ги добивме од директорите на училиштата, во средните училишта имаме 12 испишани ученици на ниво на општина, додека кај основните училишта ситуацијата е малку позагрижувачка бидејќи таму имаме околу 69 ученици за кои е побарана исписница. Меѓутоа, добивме информација од некои директори дека се случува семејствата кои заминуваат во странство по еден месец и да се вратат повторно во своите домови. Значи има и таква тенденција – вели Санева.
Текстот во целост на: Независен.