Неизвесно одржувањето на годинешните Оскари

Официјалните одбори за доделување на Оскарите ја следат ситуацијата со пожарите во Лос Анџелес додека се наближуваат Оскарите, закажани за 3 март. Мирор пишува дека Оскарите би можеле да бидат откажани за првпат во својата 96-годишна историја поради пожарот.

Лос Анџелес е уништен од шумските пожари што се шират низ градот, а илјадници луѓе ги загубија своите домови и бизниси.

Според извештаите, постојат индиции дека церемонијата на Оскарите може да даде лош пример доколку се одржи.

Номинациите за овогодинешните награди веќе се одложени. Академијата за филмски уметности и науки изрази загриженост за „многу“ членови погодени од пожарите, особено во областа Пацифик Палисадес каде бројни познати личности ги загубија своите домови.