Фестивалот Холи – древен хинду фестивал познат и како „Фестивал на боите“, кој се слави ширум светот на почетокот на март, се одржа на брегот на непалското езеро Фева, известува Анадолу.
Најголемите прослави се одржуваат во Индија и околните земји, каде илјадници луѓе го слават овој фестивал секоја година.
Со шаренолик огномет и непрекинато играње се одржа прославата во чест на почетокот на пролетната сезона. Граѓаните облечени и нашминкани во бои кои ја навестуваат пролетта, го прославија заминувањето на зимата.
Според традиционалното верување, оваа прослава ја означува конечната победа на доброто над злото и затоа фестивалот Холи се одржува во последните денови од зимата.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.