Вчера претпладне во Полициската станица Драчево, вработен во Железничка станица Драчево пријавил дека на покрив на еден вагон, мигрант се здобил со повреди откако го удрило струен удар.
Мигрантот веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Кај него биле констатирани тешки телесни повреди, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.