Мислење на Фискалниот совет за 5-годишната стратегија на владата во која се наведува дека мора да се зголеми возраста за пензиноирање, на 67 години и за мажи и за жени за да не пукне Фондот, повторно ги предизвика дискусиите за пензиите и за одржливоста на Фондотза ПИОМ. Но, зголемување на возраста за пензионирање засега не е изгласано.
Во фискалната стратегија која ја потпиша премиерот Мицкоски и се однесува на периодот 2025-2029, наведено е само дека е планирано намалување на дефицитот на Фондот, за пензии, но од 2026-та натаму, објави Телма.
Догодина дефицитот во Фондот за ПИОM ќе се зголеми на 39% (дел од ПИОМ кој ќе биде уплатен од државниот Буџет) поради линеарното зголемување од 5000 денари за секој пензионер. Догодина во 2025-та, владата планира да префрли од буџетот во ПИОМ речиси 51 милијарда денари или околу 830 милиони евра, стои во фискалната стратегија.
Потоа, владата планира да почне да паѓа тој дефицит и во проценти и во сума и покрај зголемувањето на бројот на пензионери.
Текстот во целост на: Телма.