Николоски на работна средба со Никол Варнс, в.д. амбасадор на САД во Македонија

САД се долгогодишен стратешки партнер и силен поддржувач на Македонија во реформските процеси во државата, јакнење на институционалните капацитети, владеење на правото и борбата против корупцијата.
На средбата се разговараше за реализацијата на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатите Битола – Прилеп, Кичево – Гостивар (Стража) и Тетово – Гостивар, но и за економските односи добрите трговски врски меѓу двете земји кои бележат континуиран раст и се од огромно значење за деловната клима и инвеститорите.
Стратешкото партнерство меѓу двете земји е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот, особено во услови на силни економски и геополитички потреси во различни делови во светот.