Нова дојава за бомба во српски авион, четврта по ред во шест дена

Од Министерството за внатрешни работи на Србија информираат дека на аеродромот Никола Тесла пристигнал мејл со дојава за експлозивна направа кој требало да полета за Санкт Петербург. Но, како што известуваат надлежните станувало збор за лажна дојава.

„При преглед на летало било утврденот дека дојавата за наводно поставената експлозивна направа во авионот што требало да полета од аеродромот Никола Тесла до Санкт Петербург е лажна“, се вели во сооптението на МВР на Србија.

Ова е четврта лажна пријава за бомба во последните шест денови.