Нова рунда руско-украински разговори во Турција

Руската и украинската делегација денеска во Турција почнуваат нова рунда разговори, изјави вчера еден од украинските преговарачи Дејвид Арахами. „За време на разговот преку видео-конференција, беше решено следната рунда преговори да се одржи во живо во Турција од 28 до 30 март“, најави Арахамија на Фејсбук. Лице в лице средба на двете делегации веќе се одржа на 10 март во Анталија, Турција, меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров, Димитар Кулеба. Сепак, таа средба не доведе до конкретен напредок.

 

Радио Слободна Европа