Новите шенген правила и системот ЕЕС создаваат сериозни проблеми за транспортерите и економијата

Новите правила за електронска евиденција во земјите од Шенген-зоната сериозно ѝ штетат на домашната економија, драстично ја намалуваат работата на транспортерите и директно го погодуваат транспортниот сектор и челичната индустрија во Македонија. Ова се укажувањата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој деновиве се почесто предупредува дека последиците може да бидат драматични.

Проблемот со транспортерите и новата електронска евиденција
„Една година алармираме за проблемот со транспортерите и електронската евиденција во ЕУ, а состојбата требаше да ескалира за да привлече внимание“, порача деновиве Николоски и во интервју и од собраниската говорница. Според него, станува збор за сериозен економски ризик кој може да ја колабира економијата, не само на Македонија, туку и на целиот регион.

И покрај активните разговори во Брисел и размената на аргументи со европските претставници, вицепремиерот дека засега нема разбирање. Новите правила за влез за професионалните возачи значат ограничување на нивниот престој во рамките на 90 дена во 180 дена, што е неприфатливо за транспортната индустрија.

Нема решение, најавени се блокади
Министерот за транспорт вели дека Владата целосно ги разбира транспортерите и причините за најавените блокади на граничните премини кон земјите од Шенген-зоната. Од понеделник, 26 јануари, се планира седумдневен протест на превозниците од Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ.

Последиците можат да бидат сериозни: недостиг на прехранбени производи, недостиг на лекови и репроматеријали, застој на фабрики и раскинување на извозни договори.

Николоски предупредува дека ова ќе има силно негативно влијание врз извозно ориентираните компании, кои најмногу зависат од брз и стабилен транспорт. „Ако превозот поскапи за 3 до 5 проценти, нашите производи стануваат неконкурентни на европскиот пазар“, додава тој.

 

 

DW