Новото руско нарушување на воздушниот простор предизвика тревога во НАТО

Сојузниците на НАТО го осудија нарушувањето на воздушниот простор на Естонија од страна на Русија, што е трето провокативно упаѓање од страна на Кремљ во последните денови, а западната воена алијанса закажа состанок на својот Северноатлантски совет за да разговара за продлабочувањето на кризата.

„Денес разговарав со естонскиот премиер Кристен Михал за нарушувањето на воздушниот простор од страна на Русија“, рече шефот на НАТО Марк Руте на социјалните медиуми на 19 септември.

„Одговорот на НАТО… беше брз и решителен“, додаде тој, осврнувајќи се на распоредувањето на авионите на алијансата откако малата балтичка нација објави дека три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во нејзиниот воздушен простор.

Полковник Мартин О’Донел – портпаролот на Врховниот штаб на НАТО за сојузничките сили во Европа, рече дека „НАТО брзо одговори под Источната стража, испраќајќи ги италијанските борбени авиони Ф025 со седиште во Естонија“.

„Шведска и Финска, исто така, ги испратија своите авиони за брза реакција“, рече О’Донел.

Руското Министерство за одбрана подоцна негираше дека нивните авиони го нарушиле естонскиот воздушен простор, велејќи дека авионите биле на „редовен лет… во строга согласност со меѓународните прописи за воздушен простор“.

 

 

 

slobodnaevropa.mk