Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кавадарци-Прилеп

Од 14.10 часот сообраќајот на магистралниот пат А1 Кавадарци – Прилеп е нормализиран, јавуваат од Македонија пат.

Од Центарот за управување со кризи велат дека патот беше затворен од утрово во 7.20 часот поради излевање на Раечка река и одроните на патот кај селото Раец.

Во межувреме одроните и наносите од реката се санирани , така што патот од попладнево е прооден.

извор: Македонија пат