Јован од Крива Паланка, Нова година и Божиќ го дочека со многу храна и играчки

Приказната која ја разбранува јавноста, сторијата за гладниот стомак на малиот Јован од Крива Паланка кој побара само храна на масата за празниците и поширок простор за да има каде да учи со братот и сестрата, полека добива среќен расплет.

Секојдневно не само од земјава, туку и од цела Европа пристигнуваат финансиски средства, храна, облека, играчки за децата и многу надеж дека тие ќе бидат среќни во иднина.

-Многу ни се смени животот! Ова е неверојатно како за неколку денови имаме толку храна и цела јавност помисли на моите деца. Ни донираа дрва, многу храна и облека, ми ветија дека ќе ме оперираат бесплатно, а и сопругата доби вработување од следната недела. Јас најверојатно ќе добијам инвалидска пензија и се ќе биде во ред со моето семејство, а најважно е што ќе има и прошорување на собите, па моите деца ќе има каде да учат и уживаат во детството – вели Горан за Срце на Дланка.

А, малиот Јован во неверување, како во некој убав сон од кој не сака да се разбуди, повторно со солзи, но, овојпат радосници вели дека ова му била најубавата Нова година со многу храна и благо и дека е пресреќен што ѓу се исполнила желбата.

 

metropola.mk