„Овчарска кралица“ боса стигна до целта, народен фестивал стар 300 години во Бад Урах, Германија

Со рекорден број посетители, околу 30.000, во неделата во градот Бад Урах (областа Ротлинген) во германската покраина Баден Виртемберг се одржа манифестацијата со 300-годишна традиција, на која овчарките и овчарите танцуваат и меѓусебно се натпреваруваат. На крајот на манифестацијата се „крунисуваат“ победниците во женската и машката овчарска трка.

Швабските трки на овчарите се дел од културното нематеријално богатство на УНЕСКО и го претвораат Бад Урах во море од бои и мелодии.

DW