Ј.П. Охридски Комуналец ги известува правните субјекти-корисници на нашите услуги, кои добиваат месечни фактури по услугата подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад, дека од денеска имаат можност за електронска наплата на фактурите преку онлајн плаќање со кредитна или дебитна картичка без провизија
Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечните фактури и брзо, лесно и сигурно можат истите да ги платат
Корисникот треба да креира кориснички профил на web-страната www.eohridskikomunalec.com.mk каде се внесува шифрата на корисник испечатена на фактурата (со кирилична поддршка пр. Ф9876). Доколку корисникот сака да има увид во повеќе свои објекти во шифра на корисник се внесуваат шифрите разделени со запирка, а прегледот на неплатени фактури е даден по објекти
Услугата е достапна 24/7 па на тој начин се избегнува закаснетото плаќање и се избегнуваат каматите, се заштедува време и енергија