Од Дунав извлечено тело во фаза на распаѓање

Тело во фаза на распаѓање на непознато лице во петокот е извлечено од Дунав кај Костолац. Се проверува дали се работи за Матеј Периш, сплиќанецот кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година.

Извор од истрагата наведува дека во овој момент се претпоставува дека не се работи за исчезнатиот Периш, но дека оваа можност дефинитивно се проверува. Телото било во фаза на распаѓање. Имено, клучниот детал што ја побива тезата дека се работи за Матеј е дека телото е пронајдено во напредна фаза на распаѓање, што значи дека е во вода најмалку шест месеци. Исто така, патиката пронајдена на телото не соодветствува со описот на оние патики кои Матеј ги носел ноќта на исчезнувањето, што го потврди и Ненад Периш.

 

извор/фото: агенции