Под влијание на влажен бран во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.), што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.