Минималната цена на работен час во Србија од 1 јануари 2023 година ќе биде 230 динари (1,96 евра), а минималната плата 40.020 динари (341 евро), изјави министерот за финансии Синиша Мали по седницата на Социјално-економскиот совет (СЕС), јави дописникот на МИА од Белград.
Мали најави дека минималната плата ќе биде 40.020 динари (341 евро), што е зголемување за 14,3 отсто, додавајќи дека зголемувањето на минималната плата ќе доведе до годишно зголемување на деловните трошоци за 350 милиони евра и дека поради ова државата ќе ги растовари работодавците, така што дел од платата што не се оданочува ќе изнесува 21.712 динари (185 евра).
– На овој начин ќе го покриеме трошокот што го носи минималната плата, за да ја намалиме можноста за отпуштања поради зголемувањето на минималната плата, рече Мали.
nezavisen.mk