Во моето државјанство нема измама, ниту еден грам, вели за Слободен печат украинскиот бизнисен Олекснандр Онишченко, откако Владата почна постапка за одземање на државјанството, откако изби аферата дека добил македонско државјанство иако бил на црна листа на САД.
-Не знам што да кажам. Побараа од мене да ја претставувам Македонија и да помогнам во подготовката за Олимписките игри. Ако не сакаат, јас ќе го направам тоа на мој начин. Федерацијата побара од мене, Лука Заложник ме прашуваше секој ден. Ги дадов сите официјални документи при апликацијата. Мојот руски пасош и изводот од матичната книга на родените. Имам и руски и украински пасош. Кога аплицирав за македонско државјанство, аплицирав со рускиот пасош. Се натпреварував за Русија претходно. Имам само валидни докумети, не можам да имам невалидни, јас сум официјално лице – рече Онишченко.
извор: Слободен печат