Општините лани потрошиле 190 милиони евра за јавни набавки

Сите осумдесет општини во земјава и Градот Скопје во 2024 година потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето покажува дека биле склучени вкупно 4006 договори за јавни набавки, а само во 2024 година, вредноста на општинските тендери пораснала за 16 проценти, односно за 26 милиони евра. Најголемо зголемување во вредноста на тендерите имаат скопските општини Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.

„Град Скопје за прв пат го загуби приматот и со годишен пад на вредноста на тендерите од 11,5 милиони евра, се наоѓа на шестото место. Општините склучиле договори за јавни набавки со 1210 фирми. Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми. На врвот според вкупната вредност на договорите е ЕДС (Енерџи деливери солушнс) со вредност на договорите од 500 милиони денари, односно околу 8 милиони евра“ се вели во истражувањето

Општините трошеле на јавни набавки просечно по 28 % од своите буџети. Најголема вредност на набавки по жител има Општина Дојран или 675 евра, а најмала Градот Скопје, само 14 евра.

slobodnaevropa.mk