Орце Ѓорѓиевски со двојна предност пред Мециновиќ во Скопје

Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 53.171 глас или 62,65 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 27.294 гласа или 32,16 проценти од вкупниот број гласови.

Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 29,86 отсто. Од вкупно регистрирани 474.304 избирачи во избирачкиот список, гласале 84.872 граѓани.

Во општина Аеродром, според првичните резултати објавени од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот Дејан Митески освоил 4.130 гласа, додека неговиот противкандидат Александар Трајановски добил 1.560 гласа.

Во Карпош, Сотир Лукровски, кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, има 4.750 гласа, а актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски 3.914 гласа.

 

 

skopjeinfo.mk