Милионската инвестиција во ВИП Арената Борис Трајковски за која уште не се знае што од вложеното ќе се изнајмува само за советот на министрите на ОБСЕ , а што ќе остане на користење, за министерот Османи е законска и нема корупција.
Тој појма немал и од медиумите слушнал дека сопственикот на Еуровиа е главен донатор на ДУИ за ланската година. За луксузната конференција најавена за декември за која од државниот буџет се испумпаа 5 милиони евра, вели дека е значаен меѓународен настан и како држава треба да престанеме да се брукаме, објави АЛФА.
Министерскиот совет на ОБСЕ со која Македонија ќе претседава, пиар агенцијата Рејтинг веќе од јануари го промовира за 120 илјади евра, иако и Владата и МНР имаат пиар служби со службеници,фотографи и сниматели. Но, за Османи тоа не се залудно трошење пари бидејќи станувало збор за имиџот на нашата држава.
Додека Османи ја убедува јавноста во законитоста на тендерската постапка, првиот човек на организиран криминал ниту гледа ниту слуша за скандалозниот тендер на главниот донатор на ДУИ, Елмедин Адеми. Ислам Абази е во работна посета на Косово кај колегата од Специјалното обвинителство за размена на искуства.
Антикорупционерите отворија предмет за Еуровиа, но јавноста тешко дека ќе види разрешница на случајот со оглед на тоа што обвинителството на Абази јавно и им ја откажа соработката.
Текстот во целост на: АЛФА.