Министерството за надворешни работи останува во комуникација со македонското малцинство во Албанија за прашања кои ги засегаат Македонците во Голо Брдо, Требиште и Пустец, нагласи министерот Османи по средбата со претставниците на македонските здруженија.
Тој потенцираше дека после посетата ќе подготви информација до Владата, како и акциски план.
Посетата на министерот Османи следи по актуелните тврдења на претставници од македонската заедница во Албанија дека се соочуваат со притисоци да се попишат како Бугари на претстојниот попис, закажан за октомври.
telma.mk