Денеска свечено беше отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, во Општина Гази Баба. На настанот присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Станува збор за инвестиција вредна 87,5 милиони денари, со која е реализирана целосна реконструкција, адаптација и подобрување на енергетската ефикасност на објектот. Домот на културата е модерен и функционален простор на три нивоа, со капацитет од околу 180 посетители.
Со реконструкцијата, жителите на Ченто добиваат современ објект со подобрени услови за организирање културни настани, манифестации и различни активности. Надлежните очекуваат новиот културен центар да придонесе за збогатување на културниот живот и зајакнување на заедницата.




