Откажани концертите на „Некст Тајм“ во Германија

Македонското музичко дуо Мартин и Стефан Филиповски од „Некст Тајм“ поради големата трагедија во Кочани во која изгубија свои драги колеги и пријатели ги откажаа закажаните концерти во Германија.

„Во овие моменти на тага и болка, сакаме да им изразиме длабоко сочувство на сите оние кои ги изгубија своите најмили во трагедијата која се случи во Кочани! Сакаме да Ве известиме дека претстојните концерти во Хамбург на 21.03.2025 и во Берлин на 23.03.2025 ќе бидат одложени на неопределено време. Повеќе информации за овие настани ќе бидат објавени наскоро, по завршувањето на деновите на жалост. Бог да им даде сила на сите во вие тешки мигови!“- споделија од Некс Тајм.