Аеродромот во германскиот град Хамбург денеска ги суспендира полетувањата и слетувањата поради полициски мерки, јави Германската новинска агенција (ДПА).
Според портпаролот на аеродромот летовите се суспендирани поради добиена закана дека ќе биде нападнат авион од главниот град на Иран, Техеран.