Откако Трамп е претседател, Мексико прими речиси 11.000 мигранти депортирани од САД

Мексико прими речиси 11.000 депортирани мигранти од САД од 20 јануари, кога Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на САД, јавува Анадолу.

Како што денес изјави мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, меѓу депортираните има 2.500 мигранти кои не се Мексиканци.

Шејнбаум додаде дека Мексико ги враќа депортираните мигранти во Хондурас по воздушен и копнен пат и нагласи дека враќањето не било под присила.

„Тоа е доброволно. Ќе ги испратиме за да можат да се вратат во своите татковини“, рече мексиканската претседателка.

Шејнбаум претходно оваа недела постигна договор со Трамп за паузирање на царините на мексиканската стока во замена за распоредување на илјадници војници на Националната гарда на северната граница на Мексико со САД за дополнително да се намали протокот на мигранти кои сакаат да влезат во Соединетите Американски Држави.

 

извор: Анадолија