Охрид и Струга во поголем дел се без струја

Двата крајезерски града Охрид и Струга во поголем дел се без електрична енергија. Дефектите во снабдувањето со струја траат од вчера, откако овој реон беше погоден од големо невреме , проследено со силни електрични празнења.

ЕВН нема никаква информација за граѓаните да соопшти јавно  дека ќе останат без електрична енергија.

Без струја во моментов се слободната индустриска зона во Струга и индустрискиот регион во Охрид.