ОЈО Кочани бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица, вкупно 18 опфатени со мерката

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за 16 лица опфатени со постапката, на кои притворот им истекува во текот на денот.

Дополнително, на уште две лица, по предлог на обвинителството, мерката притвор им беше определена вчера и сè уште трае. Со ова, вкупниот број на лица за кои е побарана мерката краткотраен притвор досега изнесува 18.

 

 

4news.mk