улкан во југозападен Исланд повторно еруптираше во петокот, исфрлајќи вжештена лава и чад, по шести пат од декември. Вкупната должина на пукнатината била околу 3,9 километри и се проширила за 1,5 километри за околу 40 минути, објави Исландската метеоролошка служба, која ги следи вулканите, пренесе Ројтерс.
„Ударот е ограничен на локализирана област во близина на местото на ерупцијата. Не претставува закана за животот и областа во близина е евакуирана“, соопшти на интернет Министерството за надворешни работи на земјата.
Ерупцијата се случи во серијата кратери Сундхнукар источно од планината Силингафел, делумно преклопувајќи ги другите неодамнешни ерупции на полуостровот Рејкјанес, во вулкански систем кој нема централен кратер, но еруптира со отворање огромни пукнатини во земјата.
slobodnaevropa.mk