За жал прецизно како ја предвидоа војната американските разузнавачки служби немаат јасен податок кога ќе заврши, можно е наскоро Русија да нападне одеднаш неколку градови и да се примени сценариото на Алепо во Сирија, или на Грозни во Чеченија, што значи да се срамнат со земја со стотици илјади жртви. Тоа е сценарио кое никој не го сака.
-Според мене очигледно е дека врз рускиот претседател Путин никој нема контрола, мала надеж ми дава иницијативата на израелскиот премиер Нафтали Бенет, кој отиде во Москва и иако информациите што ни ги дадоа се шкрти сепак има најава дека е можно да се промени нешто, вели Пендаровски.