Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов посочи дека се следи ситуацијата со блокадите на приватните автобуски превозници, која ја окарактеризира како непријатна, при што се пожали дека едвај го напуштил Скопје додека патувал за Струмица поради метежот.
– Ја следиме ситуацијата, непријатна е. Граѓаните трпат преголема штета поради некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Секој вози по половина час повеќе, се троши гориво, се губат бизниси и работни часови. Тоа е огромна штета што ја плаќаат граѓаните. Протестот треба да биде насочен кон тие што го креираат – истакна Пенов.
Околу 200 автобуси и денеска се поставени на крстосницата кај Мавровка и кај Црвен крст, како и на булеварот Илинденска.
Блокадите ќе останат на постојните места сè додека не се седне на маса и не се најде решение согласно законот и одлуката на Град Скопје.
Од Град Скопје највија дека денеска на прес-конференција ќе излезат со свој став.
фото: PRTSC