Пецаков: Навистина ми претставува голема чест и задоволство што четврта година по ред ги вреднуваме нашите охриѓани, кои љубовта кон спортот jа претвораат во резултат, а желбите во победа

Навистина ми претставува голема чест и задоволство што четврта година по ред ги вреднуваме нашите охриѓани, кои љубовта кон спортот за претвораат во резултат, а желбите во победа. Горди на нивните големи успеси, вечерва им оддадовме признание на најдобрите спортисти на Охрид за 2024 година, кои се симбол на непоколебливиот дух и храброст. Од срце им честитам и верувам дека нивните имиња ќе остават неизбришливи траги во охридската спортска историја.
Спортот е многу повеќе од медали и трофеи. Спортот е борба со себеси и со своите потенцијали, вистинско училиште за животот, каде што се учат најважните лекции за дисциплина и истрајност.
Општина Охрид во континуитет продолжува да вложува во спортот, да ги поддржува младите таленти, да создава услови за уште поголеми достигнувања. Токму во таа насока и оваа година од општинскиот буџет издвоивме над 70 милиони денари, кои ќе бидат наменети за развој на спортот.
Верувам дека во 2025 година ќе имаме можност да честитаме за уште поголеми спортски резултати, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.