Остварив средба со Владимир Димитриевиќ, кој како дел од македонската репрезентација учествуваше на Европското Таеквонд-до ИТФ првенство и освои бронзен медал. Ова претставува голем успех на Владимир, за Охрид и Македонија бидејќи во категорија јуниори од 1000 натпреварувачи го освои борнзениот медал.
Упатувам честитки до Владимир и членот на неговиот тим Марjанчо. Посакувам во иднина да не радуваат со уште повеќе освоени медали. Сакам да го потврдам ставот дека во Општина Охрид може да гледаат како на партнер во спортот и во иднина ќе стоиме како поддршка на сите спортисти и спортови во Охрид.