Пилотот го свртел авионот за 360 степени за патниците да можат да ја видат поларната светлина

ПАТНИЦИТЕ кои во вторникот вечерта се најдоа на лет од Рејкјавик до Манчестер добија неочекуван подарок. Имено, пилотот го свртел авионот за 360 степени за патниците да ја видат поларната светлина, а спектакуларните сцени што ги снимиле ги преплавиле социјалните мрежи.

 

Воодушевени патници

По половина час лет, пилотот на Easyjet го свртел авионот за патниците од двете страни да уживаат во необичната глетка, а персоналот ги затемнил светлата во кабината за нивното искуство да биде целосно, пишува Independent.

Адам се враќал од романтично патување каде ја запросил својата девојка, а исто како и многу патници на тој лет, поради облачното време, не можел да ја види поларната светлина на Исланд.

index.hr