Под наслов „Како е уништена акцијата на ДЕА во Македонија, Заев испраќал кодирани пораки“, порталот Експрес пренесува објава на албанската телевизија Ора Њуз во која Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер Зоран Заев, се доведува во врска со наркомафијата, објави plusinfo.mk.
Телевизијата Ора Њуз тврди дека постојат прислушувани разговори кои покажуваат дека високи функционери во Македонија директно интервенирале за да ја направат неуспешна операцијата за битка против шверц со наркотици преземена од странски агенции.
Видео од објавата на телевизијата Ора, на албански јазик на овој линк.
Врз основа на детали од оваа објава, порталот Експрес шпекулира дека станува збор за кодирани пораки со кои Заев (Трајче) уништил акција на американската агенција ДЕА.
За што станува збор?
Дваесетина дена откако објави дека заменикот министер за внатрешни работи Назим Буши спиел во апартман вреден 20.000 евра, Ора Њуз во понеделникот вечер објави нов скандал, во кој наводно се вмешани високи претставници на власта во Македонија.
„Лице кое во моментов нема јавно да го објави својот идентитет, бидејќи се очекува да добие заштита од правдата, има неколку аудио снимки на кои се вклучени функционери од највисоките нивоа во Северна Македонија“, пишува во објавата на албанската телевизија.
Според информациите што наводно ги има оваа телевизија, „во аудио снимките на мрежата за шверц на наркотици се наоѓаат имиња на високи функционери на коалицијата СДСМ-ДУИ, но и познати имиња на сините униформи“.
„Од друга страна, има прислушувања кои покажуваат дека високи функционери директно интервенирале за да се овозможи неуспех на операција преземена од странски агенции“.
Според лицето кое ја поседува аудио-снимката поврзана со шверц на наркотици, тврди Ора Њуз, тоа најпрвин комуницирало со Трајче Заев, известувајќи го за ситуацијата. Од своја страна, Заев, откако ја преслушал аудио снимката, со шифрирана порака му одговорил на тој што го има аудиото:
„Мислам дека (ова) би била многу позната книга кога би била објавена. Според мене, оваа книга треба да има што помала публика, но секако дека зависи од вас. Ајде да договориме уште една средба, следната недела“.
Ако навистина е остварена ваква комуникација, за каква „книга“ зборува Трајче Заев?
Текстот во целост на: plusinfo.mk.
Објавата на Ора Њуз ја пренесе и порталот Алмакос.